Сашко Коцев револтиран од одлуката да се продолжи учебната година на основците: Ме дочекаа 19 снемоштени, дехидрирани дечиња…

Родителите на основците се револтирани откако беше донесена одлука за нивните деца учебната година да биде продолжена за седум дена.

Тие велат дека нема услови за одржување на настава во училниците на +40 степени, и сметаат дека ваквата одлука е измачување за децата.

Еден од нив е и актерот Сашко Коцев кој се огласи на социјалните мрежи и пренесе во каква состојба го земал своето дете од училиште.

“Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто???????”, напиша Сашко Коцев на својот фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави