Влакна од коса од автомобилот што го користеле осомничените за убиството на Данка испратени на вештачење

ДНК вештачењето во случајот со убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ се уште не е завршено, а како што дознаваат српските медиуми експерти во моментов ги вештачат влакната од коса пронајдена во колата.

За потсетување, за убиството на детето се осомничени вработените во Водовод, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети дека со своето возило ја удриле Данка, а потоа ја убиле и го сокриле нејзиното тело, кое до ден денес не е пронајдено.

Данка Илиќ исчезна на 26 март годинава, а по 10 дена потрага, двајцата осомничени, според полицијата, признале дека го убиле девојчето и го закопале во депонија недалеку од Бањско поле. Наводно, нејзиното тело подоцна било пренесено на друга локација и сè уште не е пронајдено.

Во текот на истрагата, пронајдени се повеќе од 500 траги од возилата што ги користеле осомничените. На ниту една од нив не се пронајдени биолошки траги од малата Данка. Сепак, трагите на ДНК се уште се чекаат, а како што велат за Нова.рс од Вишото јавно обвинителство Зајечар, споменатите анализи се уште не се завршени.

„Со овој случај се занимава Биолошкиот факултет. Нови индиции не се најдени, а треба да се чекаат резултатите од постоечките. Анализата, рекоа, ќе трае долго и не се знае точно кога Во моментов се работи на анализа на влакно по влакно, но проблемот е што го немаат коренот, што е од клучно значење за овој случај, односно за потврда на ДНК“, изјави високиот јавен обвинител Миодраг Цановиќ за Нова.рс.

Од обвинителството претходно за Нова.рс потврдија дека се точни тврдењата дека еден од осомничените Срѓан Јанковиќ одлучил повеќе да не се брани со молчење, а тоа го соопштил преку својот адвокат.

Треба да знаете
Последни објави