Израелскиот министер за одбрана барањата за апсење на израелските министри го смета како „напад“ врз армијата

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им порача на војниците дека барањето на меѓународниот суд за налог за апсење против него и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „е директен напад врз израелската војска“. Никој во светот нема морално право да ја критикува државата Израел“, рече Јоав Галант при посетата на војниците во северен Израел. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан ги обвини Нетанјаху, Галант и тројцата водачи на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханија – за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа и Израел. Иако Нетанјаху и Галант не се соочуваат со неизбежно апсење, објавата во понеделникот беше симболичен удар што ја продлабочи изолацијата на Израел поради војната во Газа.

Треба да знаете
Последни објави