СОА објави извештај за безбедносните ризици за Хрватска

Потенцијален ризик од терористички напади изведени т.н. осамени волци, враќање на припадници на терористичката Исламска држава во земјите од Југоисточна Европа, коруптивно дејствување на организираниот криминал кон одделни поединци во државните институции, се дел од главните безбедносни ризици со кои се соочува Хрватска, се посочува во најновиот извештај за 2018 година на хрватската Безбедносно-разузнавачка агенција (СОА).

Во ризици се вброени и раст на обидите на мигрантите по т.н. балканска рута илегално да влезат во Хрватска, како и можноста од зголемување на кибер нападите со оглед на претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ.

Како и во претходниот, и во овој извештај се посочува дека од подрачјето на Југоисточна Европа на фронтовите во Ирак и Сирија заминале околу 1.000 приврзаници на џихадистичкиот салафизам.

Во извештајот се потенцира дека во 2018 година бројот на илегални мигранти кон Европа е намален, но за околу третина е зголемен нивниот број од т.н. балканска рута која минува низ Хрватска. Во документот се потенцира дека се повеќе мигранти ја користат рутата преку Албанија, Црна Гора, БиХ кон Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави