Кучиња нападнаа сноубордер на Копаоник

Глутница кучиња нападнале сноубордер на падините од скијачки центар Копаоник. Мажот поминал без тешки телсни повреди, иако едно од кучињата успеало да го гризне за ногата. Страницата Копаоникинфо го објави советот на Дејан Севковиќ, кој се бави со обука на кучиња во врска со ваквите ситуации:

-Најважно е да останете прибрани и никако не треба да продолжите со скијањето затоа што кучињата во глутница добиваат нагон за лов и доколку бегате, тоа само ги охрабрува да продолжат со напад. Значи, треба да застанете и да се свртите кон кучето кое ве брка, може да ја користите и вашата опрема за да ги исплашите кучињата, пишува во објавата.

Треба да знаете
Последни објави