Србин со „тојота“ излетал од автопатот кај Велес

На 30.05.2019 година во 06,00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во близина на с.Б.Село-велешко, патничко моторно возило “Тојота Корола“ со српски национални ознаки управувано од Н.С.(48) од Р.Србија, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави