Обдукцијата покажала дека Вања била убиена со истрел во главата од огнострелно оружје

Вања Ѓорчевска е убиена со истрел од огнострелно оружје во глава, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, пишува порталот Скопје1 повикувајќи се на сопствени извори од Судската медицина.

Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот, се вели во написот во кој се вели  дека наодот кој бил испитуван 17 дена ги демантира гласините во медиумите дека дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето.

„Според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два часа и 40 минути“, продолжува написот.

„Скопје1“ пишува и дека снимките од надзорните камери ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Предмет на анализа се и снимки од наздорни камери, а се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска за да се утврди вистинитоста на исказот дека Ѓорчевски му го открил движењето на Вања на осомничениот организатор и реализатор на убиствата Љупчо Палевски-Палчо.

Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планер, организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Треба да знаете
Последни објави