Кирјос: Имам 28 години, а се чувствувам како да имам 57!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос најави дека наскоро ќе замине во пензија иако има само 28 години. Кирјос минатата година играше во финалето на Вимблдон, каде што загуби од Новак Ѓоковиќ, но годинава поради повреди, одигра само еден меч.

Тој најави дека ќе се пензионира во следните пет години.

„Стареам, имам 28 години, но со сиот тој алкохол и ноќните забави чувствувам како да имам 57 години. Кога ќе помислам на 33 години, мислам дека нема да играм тенис тогаш. Кога ќе ја завршам кариерата, повеќе нема да ме видите“, изјави Кирјос.

Треба да знаете
Последни објави