Уапсено едно лице за експлозијата пред Масонската ложа во Атина пред две седмици

За двете експлозии на импровизирани механизми во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција на 13 јули, денеска беше уапсен 61-годишен маж, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсениот се товари за изработка и поседување на експлозивни материјали и бил идентификуван дека стои зад двете поставени механизми.  

Во раните утрински часови на 13 јули експлодираше мал импровизиран механизам пред Масонската ложа на Грција, на што претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи

Експлозијата со мала јачина предизвика мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот, додека пак полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронајдоа и сомнителна кутија, по што беше извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба. 

Треба да знаете
Последни објави