Петрушевски:Дали еден мобилен оператор подлегнал на притисокот на ОТА и Ковачевски и дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување?

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани.

За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава.

Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување?

Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО.

Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив.

Недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

Треба да знаете
Последни објави