Алтернатива го избра претседателството на Форумот на жени

Денеска се одржа Основачкото собрание на Форумот на жени на Алтернатива. За претседателка на Форумот на жени на Алтернатива е избрана Албулена Демири Зендели од Кичево.

Албулена Демири Зендели е магистер по економски науки, лиценциран сметководител и поранешен кандидат за пратеник од Кичево. Моментално работи како соработник за култура во Центарот за култура во Кичево.

Основањето на Форумот на жени го поздравија и претседателот Африм Гаши и највисокото раководство на партијата, кои ù посакаа успех, работа и посветеност на новата структура на Форумот на жени.

Претседателот Африм Гаши во текот на своето обраќање ја истакна улогата на жената во зачувувањето на националниот идентитет и вредности, како и важноста што Алтернатива им ја дава на жените во политиката и семејството воопшто.

„Живееме во времето кога семејството е цел на постојани напади. За зачувување на националниот идентитет и вредности, главната заслуга го има албанското семејство, а со тоа и жената Албанка. Жената Албанка отсекогаш била тврдина на заштита на албанското семејство. Во оваа насока, ваквите форуми, како што се форумите на жените, ќе играат клучна улога во иднина и ќе служат како клетки за негување на традиционалните вредности и семејниот идентитет. Алтернатива со целосна посветеност ќе го трасира патот на артикулација и заштита на семејството“, рече претседателот Африм Гаши.

Генералниот секретар Зеќирија Ибрахими зборуваше за политичката битка на Алтернатива која во центарот на приоритетите го има семејството.

„Нашата коалиција е Коалиција на семејството, додека нивната коалиција е Коалиција на ЛГБТИ лицата. Оваа битка има историска вредност, за разлика од другите кои не успеваат да ги надминат тесните лични и групни интереси. Албанското семејство ја доби историската битка благодарение на пожртвуваноста на мајката, а не на улогата на родителот 1 и 2“, нагласи Генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими.

Пратеничката Сафије Садики Шаини истакна дека Алтернатива докажала дека ги третира жените во политика како семејство, давајќи им можности и кон сите нив се однесува исто, без дискриминација.

„Алтернатива негува посебна почит кон жените, создавајќи средина каде што родовата дискриминација нема место и функционира на истите принципи со кои функционира едно семејство, третирајќи ги сите членови еднакво. Најголемата заслуга за овој висок стандард, без сомнение, го има претседателот Африм Гаши. Учеството на жените во политика е високо херојски чин. За пофалба се напорите на жените за заштита на албанското семејство“, рече пратеничката Садики Шаини.

Свеченоста на основањето се одржа во Албанскиот театар во Чаршија, во импозантна атмосфера во присуство на партиските активисти и поддржувачи.

Треба да знаете
Последни објави