Skip to main content
Хроника

27-годишен прилепчанец пронајден мртов во затворот „Идризово“

29/11/2026  20:53

Дваесет и седумгодишниот Б.Ј. од Прилеп бил пронајден починат во затворот „Идризово“ на 28 ноември околу 9:10 часот. Лекар констатирал смрт, а при прегледот не биле забележани видливи траги на насилство.

Од Казнено-поправната установа „Идризово“ го пријавиле случајот во СВР Скопје околу 10:30 часот.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Судска медицина за обдукција.