Skip to main content
Свет

Русија го нападна Харков, девет лица се повредени, меѓу кои и едногодишно дете

29/11/2026  15:14

Девет лица, меѓу кои и едногодишно дете, се повредени во руски напад врз индустриска зона во Харков попладнево. Руските сили погодија цели во областа Немишљански, потврди градоначалникот Игор Терехов, објави
„Украинска правда“ .

Ноќни напади со дронови

Нападот врз Харков следеше по ноќните напади во кои, според Командата на украинската воздухопловна армија, руските сили лансираа 140 беспилотни летала. Противвоздушната одбрана собори 101 авион, а регистрирани се 27 погодоци на различни локации низ земјата.