Skip to main content
Хроника

Детали: Брутално семејно насилство во Гостивар – Сопругата на интензивна нега, мажот нападнал и полицајци

28/11/2026  11:48

Четири скршени ребра, парцијален пневмоторакс и субдурален крвен подлив се повредите со кои 42-годишна жена од гостиварско село е примена на скопските клиники, откако била физички нападната од својот 52-годишен сопруг.

Жената се здобила со сериозни повреди на главата, лицето и градниот кош. Првично ѝ била укажана медицинска помош во гостиварската болница, по што во бессознание била транспортирана во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџановски, потврдил дека пациентката има четири скршени ребра, парцијален пневмоторакс и субдурален крвен подлив. Поради сериозноста на повредите, таа е задржана на интензивно лекување на КАРИЛ.

Полицијата во 14:10 часот го лишила од слобода осомничениот М.М. (52), кој при приведувањето давал отпор и физички ги нападнал полициските службеници, при што повредил еден од нив.

Од МВР информираат дека осомничениот има нарушено ментално здравје и дека по приведувањето бил спроведен во Психијатриската болница во Скопје.

За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.