Skip to main content
Свет

Украина предлага прекин на огнот во Црното Море за да се продолжи со извозот на жито

28/11/2026  11:05

Украина достави до Русија, преку меѓународни партнери, предлог за услови за прекин на огнот во Црното Море, со цел враќање на слободната пловидба и непречениот извоз на земјоделски производи, и сега чека одговор од Москва, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига.

„Подготвени сме за прекин на огнот. Понудивме конкретни и ефикасни предлози. Благодарни сме на Индија, Турција и Египет, кои имаат активна и важна улога во смирувањето на тензиите во Црното Море, како и во напорите за медијација. Сега чекаме одговор од Русија. Сите наши предлози се доставени“, рече Сибига.

Тој изјави дека секој пат кога Киев презентира предлози за прекин на огнот во Црното Море преку меѓународните партнери, Москва поставува, како што оцени, „нереални барања“.