
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.
На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот и се заканил со нож и и ја одзел чантата.
По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

