
Шестмина државјани на Турција се приведени во скопската општина Аеродром поради нерегулиран престој во земјава, информира МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле на 25 ноември, во периодот од 10 до 12 часот, во рамките на ноемврискиот план на пријавно-одјавната служба.
Приведени се Х.Ф. (22), М.С. (22), С.Т. (25), Т.Ј.Е. (23), С.Б.С. (25) и М.Ч. (22). По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.


