Skip to main content
Економија

Домашното производство покрило 96,6 проценти од потрошувачката на струја

25/11/2026  17:44

Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава во септември 2026 година изнесувала 448.847 мегават-часови (MWh), на природен гас 15,494 милиони нормални кубни метри (nm³), на јаглен 170.079 тони и на нафтени продукти 92.599 тони, покажуваат податоците на Државниот за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествувало со 96,6 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Од вкупната потрошувачка на јаглен, 99,9 проценти биле употребени за производство на електрична енергија.