Skip to main content
Македонија

Студено утро до минус 8 степени, вечерва дожд во западна Македонија

25/11/2026  08:14

Ведро и студено утро, променлива облачност преку денот и дожд во западните делови кон вечерта ја очекуваат Македонија денеска, среда, 25 ноември, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од минус 8 до 0 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 12 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во текот на денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во ноќта кон четврток во западните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Во Скопје ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.