Skip to main content
Свет

Русија: Украинците со дрон погодија службено возило на нуклеарната агенција на ОН

11/12/2024  11:02

Русија ги обвини вооружените сили на Украина за вчерашниот напад на автомобил што се користеше за транспорт на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), велејќи дека некој можел да биде убиен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш изјави дека тоа е намерен руски напад што покажува дека Москва воопшто не го почитува меѓународното право и институциите.

Меѓутоа, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Украина го нападнала тоа возило.

„Околу 15 часот, возило на МААЕ кое се користело за транспорт на експерти од секретаријатот на агенцијата било нападнато на територијата контролирана од Киев“, соопшти Министерството.