Skip to main content
Хроника

Тригодишно дете од Гевгелија донесено починато на Клиника во Скопје

22/11/2026  14:27

На 21.11.2026 околу 13:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив било донесено починато тригодишно дете од Гевгелија.

Истото било со здравствени проблеми и починало на пат кон болница.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на семејството.