Skip to main content
Економија

Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

22/11/2026  12:08


Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на ИО

Со кои пари да се купи храна, а истовремено да се платат и сметки. Народот живее тешко, едвај врзвува крај со крај.

Синдикалната кошничка достигна 71.000 денари. Со кирија за стан, трошокот е речиси  90.000 денари месечно. Ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци.

Само за храна и пијалаци се потребни речиси 26.000 денари месечно а каде се сметки, облека, превоз,трошоци за деца, кирија. 

Ова е крпен живот.

Откако се арамијата Мицкоски и криминалната ВМРО на власт минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години.  

Сега следува уште еден ценовен удар – посакпување на струјата и парното.

Се што кажа Мицкоски излажа!

Во септември најавуваше дека струјата нема да поскапи, а негоиот човек во РКЕ, Ацо Ристов сега најавува дека од следната година ќе има од 2 до 3 % повисоки сметки за струја, и од 6 до 8 % поскапо парно. 

Тоа ќе биде силен удар и ќе значи нови поскапувања, допилнително осиромашување на граѓаните.

Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат помалку од 31.200 денари месечно – работата а буквално се сиромашни.

СДСМ две и пол години поднесува предлог за 600 евра минимална плата. Два ребаланса направи власта годинава, нема ништо за работниците.

И за новиот буџет за 2027 години поднесовме амандамн за 600 евра минимална плата. 

Што одговори власта – нема пари.

До толку нема пари во државната каса, само заради криминалното, душманско крадење на парите на народот.

Затоа и се задолжуваат. 4 милијарди евра долг направи Мицкоски за 2 години, за оваа 2027 година најавуваат уште 2 милијарди евра ново задолжување.

Нови милијарди задолжување, а работникот со минимална плата мора да пресметува што да тргне од кошничката за да му останат пари за сметки, за живот.

На целата оваа економска катастрофа Мицкоски ни ја увезе Алта банка на Вучиќ, или поточно, неговата пералница за пари. Луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари. Немаат пари за храна, а старите и болните немаат пари за лекови.

Срамота е што направи овој човек од државата. Македонија стана свртилиште на организиран криминал и корупција. Земја што служи на туѓи интереси. 

И за ова ќе одговара пред граѓаните, за осиромашувањето на народот, и за секој денар потрошен за криминални тендери, наместо за подобар живот на народот.