Skip to main content
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување

22/11/2026  08:11

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта, претежно во западните делови од земјата, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне наместа повремено ќе биде засилен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 4 до максимални 15 степени.

Во наредните денови ќе продолжи променливото облачно време, со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, кога поради продор на постуден воздух од север, попладне на планините дождот ќе преминува во снег.

Нов бран врнежи од дожд се очекува во четврток и петок.