
Соопштение на Левица:
На повик на граѓаните од Крива Паланка, пратеници од Левица, односно Претседателот на Левица Димитар Апасиев и портпаролот Амар Мециновиќ, во канцелариите на градоначалникот Сашко Митовски, остварија средба и разговараа за материјалната и институционална голгота која ја поминуваат граѓаните поради добитокот кој е во центарот на вниманието дури и за странските медиуми. Уште повеќе, ова треба да биде наш централен приротет, преку чие решавање ќе ги видиме пипците на највисоката корупција почнувајќи од главата на власта.
Приказната трае 15 години и е проткаена со многу инциденти, кривични пријави, приватни тужби и изречени прекршоци за кои во континуитет, луѓето чии имоти и животи се загрозуваат, ја плаќаат сметката.
Вистината е дека во институционалните лавиринти има трага на криминал и корупција кој остава јасен впечаток за политичка поддршка на насилство, самовилие и тероризирање на населението.
Многу губат за некој да добие. Клопчето мора да почне да се одмотува!



