Skip to main content
Македонија

„Тагата е наша, вината е ваша“: Блокада пред Владата со барања за заштита на жените

20/11/2026  14:43

Со скандирања „Жени, живот, слобода“ и „Сите за една, една за сите“, денеска почна блокадата „Ниту една повеќе“ пред Владата во Скопје. Учесниците побараа одговорност од институциите и навремена заштита на жените што пријавуваат насилство.

Пред насобраните се обрати и мајка на девојка од Битола, која сведочеше за насилството што, според неа, го трпела нејзината ќерка и за заштитата што изостанала.

„Бараме да ги заштитите нашите деца“, порача таа, повикувајќи ги МВР и Обвинителството итно да постапат.

Мајката го оспори времетраењето на притворот за пријавениот и наведе дека постојат пораки и видеоматеријали поврзани со случајот. Таа апелираше жените да не молчат и да не трпат насилство.