Skip to main content
Економија

Само 1,95% камата за инвестиции: Владата веќе пласираше 242 милиони евра

20/11/2026  14:16

Домашните компании продолжуваат да добиваат финансиска поддршка за инвестиции по исклучително поволни услови, со каматна стапка од 1,95 проценти и рок на отплата до 15 години.

Средствата се наменети за поттикнување на инвестицискиот циклус кај домашните компании и економскиот раст.

Кредитирањето се реализира преку Развојната банка и деловните банки, а покрај ниската каматна стапка, компаниите имаат можност за отплата до 15 години и грејс-период до три години.

Финансиските средства се обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка. За реализација на мерката во Буџетот се предвидени вкупно 250 милиони евра, од кои првата транша беше префрлена во март минатата година.

Со оваа програма се овозможува полесен пристап до финансии за домашниот бизнис и поддршка на приватните инвестиции.