
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Б.(38) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 26.03.2026 во с.Желино, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштоли „Carl Walther“ калибар 7,65 мм, „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм, „Beretta“ калибар 9 мм, пиштол без сериски број и 33 парчиња муниција.
