Skip to main content
Македонија

Вечерва во „Ноќно студио“: Една година од првото рочиште за „Пулс“ – на кои прашања семејствата сe уште бараат одговор?

18/11/2026  17:23

Александар Наунов, таткото на Надица Наунова, и Томче Стојанов, таткото на Андреј Стојанов, вечерва гостуваат во „Ноќно студио“ на 4ТВ во 20:00 часот. Во фокусот на разговорот ќе бидат сведочењата на судењето за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, прашањата што семејствата сè уште ги поставуваат и нивното барање за почести рочишта.

На вчерашното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов. Таа пред судот кажа дека при претходни посети на клубот ја користела задната врата и дека ноќта на пожарот не била во „Пулс“.

Наунов и Стојанов ќе зборуваат за тоа што им раскажале преживеаните за излезите од клубот таа ноќ. Во разговорот ќе се осврнат и на тоа што дознале од досегашните сведочења за начинот на кој работел „Пулс“ и кои прашања за контролата на клубот остануваат отворени за нив.

Двајцата гости ќе објаснат зошто семејствата бараат рочиштата да се одржуваат почесто и зошто јавно им дадоа поддршка на обвинителите што го водат предметот.

Во емисијата ќе стане збор и за „Патека на бесконечноста“, иницијатива за меморијален парк во Кочани посветен на загинатите во „Пулс“. Идејата е посетителите на паркот да можат да се запознаат со нивните животни приказни.