Skip to main content
Македонија

МВР: Сите вработени повторно имаат здравствено осигурување

18/11/2026  17:39

Сите вработени во Министерството за внатрешни работи повторно имаат здравствено осигурување, соопшти МВР. Од Министерството наведуваат дека проблемот е надминат по преземените активности во координација со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Фондот претходно појасни дека статусот на осигурувањето се утврдува автоматски врз основа на податоците за пријавите и уплатените придонеси што ги добива од Управата за јавни приходи. ФЗО најави дека ќе се бара трајно системско решение за да се спречи повторување на проблемот.

Од МВР додаваат дека остануваат посветени на заштитата на интересите на вработените и на непреченото остварување на нивните права од работниот однос.