
Актерката и новоизбрана пратеничка од Српската напредна странка, Лидија Вукиќевиќ, утрово беше полеана со јогурт додека пристигнуваше во Собранието на Србија на конститутивната седница, објавија српските медиуми.
Инцидентот се случил на приодот кон парламентарната зграда во Белград, каде се собрале граѓани пред доаѓањето на новоизбраните пратеници. На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки од настанот.
Собраните ги пречекувале претставниците на Студентската листа со аплаузи и со скандирање „Победа“. Пристигнувањето на кандидатите од листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, меѓу кои и Вукиќевиќ, било проследено со свирежи.
Покрај Вукиќевиќ, свирежи го дочекале и Арно Гујон. Инцидентот со јогуртот се случил додека актерката минувала низ собраната толпа кон влезот на парламентот.


