Skip to main content

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица. Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.