
Авион на српската армија утрово се урнал кај Стара Пазова.
Засега нема информации за повредени или загинати.
Авионот се урнал во поле и бил целосно уништен, а дел од српските медиуми јавуваат дека станува збор за МИГ 29.

На местото на настанот се наоѓаат пожарникари, брза помош, полиција и воена полиција.
Засега нема официјални информации од Министерството за одбрана за несреќата, а повеќе детали од надлежните институции се очекуваат во текот на денот.

