Арсовска – Станивуковиќ: Иницирано збратимување на Скопје и Бања Лука

 Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска одржа официјална работна средба со градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ, известуваат од Град Скопје.

На средбата, која доаѓа по покана на бањалучкиот градоначалник, било разговарано за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

– Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и постои огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што Скопје и Бања Лука започнаа иницијатива за збратимување на двата града. Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од заемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина, известуваат од Град Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави