
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека и самиот добил и платил сообраќајна казна. Тој рече дека за добиени казни му кажале и министри, директори и верски лица, што според него покажува дека системот за сообраќајна контрола важи за сите, без оглед на функцијата.
„Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната“, изјави Тошковски.
Тошковски посочи дека меѓу оние што му кажале дека добиле казна имало и верски лица од различни религии. Како пример го наведе и сопствениот случај, нагласувајќи дека функцијата не го ослободува возачот од одговорност за сообраќаен прекршок.


