Skip to main content
Хроника

Кривична пријава против албански државјанин поради кражба на автомобил во Дебар

10/12/2024  15:36

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против албански државјанин поради кражба на автомобил, како и против дебранец за помагање.

– Кривична пријава е поднесена против албанскиот државјанин Г.И.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против Р.К.(20) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, на 26 минатот месец на главната улица во Дебар „Елена Ѓика“ (поранешна 8 септември), првопријавениот одзел паркирано патничко возило „рено клио“, сопственост на Р.Н. од селото Дебреше, по што му го продал на второпријавениот.