Skip to main content
Економија

ЛДП: Можна страшна економска хаварија – АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

02/11/2026  14:19

Соопштение за јавност на ЛДП:

Сведоци сме на почеток на сериозна економска хаварија во која пукаат балканските олигархиски мрежи, а со нив пропаѓаат и фирмите-експоненти на режимите на Орбан и Вучиќ кои со црвен тепих беа донесени во Македонија. Скандалот со АЛТА банка не е изолиран инцидент, туку алармантен доказ за опасната леснотија со која туѓи политички интереси го окупираа македонскиот финансиски систем. ВМРО-ДПМНЕ ги претвори директно граѓаните и македонската економија не смеат да бидат колатерална штета и заложници на погрешните геополитички и бизнис-модели!

Кога се отвораа ширум вратите за странскиот капитал близок до трули центри на моќ, сегашната власт свесно замижуваше пред ризиците, ги промовираше и заштитуваше. Сега, кога империјата на инвеститорите се руши во регионот, сметките во Македонија се замрзнуваат, бизнисите се заглавени, а граѓаните се прашуваат како да преживеат. Ова е вистинската цена на политички асистираните зделки и клиентелизмот што се прелева директно врз грбот на македонскиот народ.

Наместо силна, независна пазарна економија, добивме увоз на туѓо увезено финансиско цунами во режија на Владата!

ЛДП бара итна, бескомпромисна и независна меѓународна експертска проверка, целосен отчет за тоа кој ги одобрил овие сомнителни влезови во банкарскиот сектор и железна гаранција за заштита на сите штедачи и компании. Не прифаќаме празни соопштенија, ниту пак префрлање на вината додека системот се ниша од темел. Граѓаните нема зошто да ја плаќаат цената на туѓите економски авантури и регионални партиски лобирања.

Кој и понатаму мисли дека македонската држава е полигон за сомнителни странски инвеститори и бизнис-експоненти, мора да сноси одговорност. По завршувањето на оваа криза, оставката на гувернерот и целосното чистење на институциите од политички патрони е неизбежна. Парите и судбината на граѓаните не се монета за поткусурување на балканските и регионалните олигарси!