
Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска, понеделник, 2 ноември. Врнежите локално ќе бидат пообилни, со количества над 15 литри на квадратен метар, според прогнозата изработена во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Дневните температури во земјава ќе се движат од 8 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и слаб ветер од северен правец.
Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 14 степени. Во Охрид и Битола се очекуваат до 11, во Прилеп до 12, а во Куманово и Штип до 13 степени.

Врнежливото време ќе продолжи и утре. Во вторник локално се очекуваат пообилни врнежи, над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува, а дневните температури ќе бидат од 10 до 15 степени.

