
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за насилство, откако во конфликт меѓу навивачки групи пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ удрил дете во глава.
Според Обвинителството, осомничениот му задал удар на дете од спротивната навивачка група. Од ударот детето се онесвестило и паднало на земја, по што со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците кои треба да бидат сослушани, како и опасност да го повтори делото.
Постапката се води за кривичното дело насилство од член 386 став 6, во врска со ставовите 4 и 1 од Кривичниот законик.
