
Десетици граѓани претпладнево чекаа ред пред Алта Банка во Битола со цел да ги подигнат парите, исплашени што оваа банка во матичната држава Србија повеќе не смее да работи.
Од банката пак излегоа со официјално соопштение до своите клиенти.
„Ве информираме дека АЛТА банка АД Битола и АЛТА банка АД Белград се посебни правни субјекти.
АЛТА банка АД Битола работи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија и е под супервизија на Народната банка.
АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење.
Вашите средства ви се непречено достапни, а сите банкарски производи и услуги остануваат на располагање.
Заштитата на интересите на нашите клиенти и одржувањето на вашата доверба остануваат наши највисоки приоритети“ велат од банката.

Инаку, српска Алта Банка пред извесно време ја купи македонската банка АД Стопанска Банка Битола и оттогаш името на новата банка е Алта Банка Битола.

