Skip to main content
Хроника

МВР со детали за камионите кои синоќа изгореа на Качанички пат

10/12/2024  10:56

На 09.12.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од село Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопштија од полицијата.