Skip to main content
Хроника

Санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

30/10/2026  15:12

Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан е А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикан е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки.