Skip to main content
Македонија

Пријавени 70.185 лица за вакцинација против грип, досега вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи

30/10/2026  16:18

Од активирањето на апликацијата vakcinacija.mk за бесплатна вакцинација против сезонски грип, досега се пријавени 70.185 лица.

Досега се вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи население. Вакцинацијата се одвива на 31 пункт низ државата, од кои пет пункта се во Скопје, во поликлиниките Идадија, Битпазар и Ѓорче Петров, во Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје.  

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од шест месеци до пет години.