
Во текот на третиот квартал од 2026 година, меѓународните пазари на нафта останаа нестабилни, под влијание на долготрајните геополитички тензии и нарушувањата на регионалните и глобалните синџири на снабдување. Предизвиците во снабдувањето, придружени од зголемените трошоци за транспорт и сурова нафта, продолжија да влијаат врз цените на дериватите и поширокото пазарно опкружување.
И покрај ваквите пазарни услови, ОКТА оствари силни финансиски и комерцијални резултати во деветте месеци од 2026 година. ЕБИТДА достигна 2.340 милиони денари, во споредба со 513 милиони денари во истиот период од 2025 година, додека добивката пред оданочување се зголеми на 2.307 милиони денари. Овие резултати беа поддржани од значително зголемениот обем на продажба, подобрените комерцијални перформанси и добивките од вреднувањето на залихите.
Прилагодената ЕБИТДА, без ефектот од вреднувањето на залихите, достигна 1.127 милиони денари, што е двојно повеќе во споредба со 564-те милиони денари остварени во деветте месеци од 2025 година, потврдувајќи значително подобрување на основните деловни перформанси.
Силната побарувачка на пазарот и зголемената логистичка флексибилност, значително го зголемија вкупниот обем на проджба во текот во деветмесечниот период од 2026 година. Користењето на продуктоводот Солун-Скопје дополнително ги зајакна капацитетите на ОКТА за снабдување на регионалниот пазар, кој продолжува да се соочува со построги услови за снабдување. Приходите од продажба достигнаа 57.622 милиони денари, што претставува раст од 105% на годишно ниво, првенствено поттикнат од поголемиот обем на продажба на домашниот и извозниот пазар, како и од од зголемените цени на горивата.
Во третиот квартал од 2026 година, ЕБИТДА се искачи на 996 милиони денари од 264 милиони денари во истиот период од 2025 година, што одразува силен раст на обемот и значителни добивки од вреднувањето на залихите. Прилагодената ЕБИТДА се зголеми на 297 милиони денари, што е за 15% повисоко во однос на истиот период од 2025 година, додека приходите од продажба се зголемија повеќе од двојно на 25.137 милиони денари. Оперативните трошоци пораснаа за 35% во деветмесечниот период од 2026 година, главно одразувајќи ги повисоките регулаторни такси, трошоците за вработените и другите услуги што ги поддржуваат стратешките иницијативи за раст на компанијата.
Паралелно со силните комерцијални остварувања, ОКТА продолжи да го поддржува домашниот пазар преку насочени, привремени иницијативи за попуст на горива воведени во периоди на исклучителна нестабилност на меѓународните цени. Од март 2026 година, ваквите иницијативи обезбедија повеќе од 7 милиони евра поддршка на пазарот, придонесувајќи за неговата стабилност и помагајќи во намалувањето на притисокот низ целиот синџир на снабдување со гориво, а воедно одржувајќи ја безбедноста и сигурноста во снабдувањето.
Покрај финансиските резултати, третиот квартал од 2026 година беше обележан и со лансирањето на кампањата „Програма гаранција“, зајакнувајќи ја посветеноста на ОКТА на гарантиран квалитет и количина на горивата. Компанијата продолжи да ја унапредува и својата агенда за корпоративна општествена одговорност преку насочени иницијативи за заштита на животната средина, безбедност на патиштата и образование, зајакнувајќи ја поддршката за заедниците во кои работи.
Во периодот што следи, се очекува геополитичките случувања, глобалните економски услови и динамиката на понудата и побарувачката да продолжат да влијаат на пазарите на горива. ОКТА останува фокусирана на оперативната извонредност, безбедноста и сигурноста на снабдувањето, дисциплинираната распределба на капиталот и континуираното извршување на стратешките иницијативи на компанијата, поддржувајќи одржливо долгорочно создавање на вредност за своите акционери и сите други засегнати страни.
| К3 2026 | К3 2025 | % на разлика | (во милиони денари) | 9M 2026 | 9M 2025 | % на разлика |
| 25.137 | 10.356 | 143% | Приходи од продажба | 57.622 | 28.136 | 105% |
| 1.217 | 418 | 191% | Бруто добивка | 2.959 | 971 | 205% |
| 221 | 154 | 44% | Оперативни трошоци | 619 | 458 | 35% |
| 996 | 264 | 277% | ЕБИТДА | 2.340 | 513 | 356% |
| 983 | 254 | 287% | Добивка пред оданочување | 2.307 | 490 | 371% |
| 880 | 232 | 280% | Нето добивка | 2.062 | 447 | 361% |
| 297 | 260 | 15% | Прилагодена ЕБИТДА* | 1.127 | 564 | 100% |

*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите

