
Соопштение за јавност на СДСМ:
Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС.
Касно е за перење.
Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.
Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.
Граѓаните паметат и знаат.
Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.
Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.
Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.
Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .
Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.
Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.
Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски – Вучиќ.
Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.
Но ние знаеме зошто е паниката.
Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.



