
Граѓани вечерва влегоа во Пионерскиот парк во центарот на Белград и ги уништија шаторите во кампот познат како „Чациленд“. Настаните се случуваат во текот на славењето на победата на Студентската листа на парламентарните избори.

„Пионерскиот парк е ослободен“, порачаа дел од присутните, кои по година и пол повторно влегоа во оградениот простор.
Младите собрани во паркот го опишаа кампот како симбол на одземањето на јавниот простор и порачаа дека паркот повторно треба да им припаѓа на сите граѓани.
Полицијата, која во текот на целиот ден била присутна на оваа локација, се тргнала. Весникот наведува дека во кампот претходно имало голем број мажи облечени во црно, но дека вечерва тие повеќе не биле таму.

Влегувањето во Пионерскиот парк беше проследено со пораки од граѓаните дека „Србија прогледала“, додека на улиците се славеше изборниот исход.
