
Гласањето на избирачкото место во месната заедница „Центар“ во Лесковац е продолжено до 23 часот, по прекинот предизвикан од инцидент меѓу членови на избирачкиот одбор. Одлуката ја донесе Градската изборна комисија, пренесе Нова.рс, повикувајќи се на ФоНет.

Според извештајот, гласањето било прекинато по 15 часот, кога член на избирачкиот одбор од малцинската листа на Санџачката демократска партија ја скршил гласачката кутија, а потоа удрил претставник на Студентската листа.
Потоа дошло и до физичка пресметка меѓу него и член на одборот од листата „Европска Србија“. Полицијата ги привела двајцата учесници, објави локалниот медиум Југпрес.
Останатите членови на избирачкиот одбор се согласиле гласањето да продолжи, а нивниот предлог го поддржала Градската изборна комисија. Граѓаните запишани на ова избирачко место кои сè уште не гласале ќе можат да го остварат своето право до 23 часот.
Редовното време за гласање на парламентарните избори во Србија е од 7 до 20 часот. Право да гласаат и по затворањето имаат избирачите кои во тој момент се затекнале на избирачкото место или непосредно пред него.

