
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Б.(31) од с.Арачиново, скопско, Ј.Р.(35) од с.Умово, општина Студеничани и Е.М.(27) од Виница. Под дејство на алкохол возеле Д.С.(42) од Тетово, Н.П.(60) од Скопје, Д.С.(42) од Кичево, како и Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко, В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и Д.М.(19) од с.Пирок, тетовско, кои управувајќи возила под дејстов на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи. Воедно, Д.М. од с.Пирок, го управувал возилото и без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



