Ѓукановиќ доминираше во јужниот дел на Црна Гора, Милатовиќ во централниот регион

 Во Црна Гора денеска се анализираат изборните резултати од првиот круг на претседателските избори по региони и градови, па така на северот од земјата лидерот на ДПС Мило Ѓукановиќ освои 37,3 отсто од гласовите, кандидатот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ 26,3, а кандидатот ДПС, Андрија Мандиќ 21,1 отсто.

Според анализата на Дан од Подгорица, Милатовиќ доминирал во централниот регион, а Ѓукановиќ на југот од државата.

Прелиминарните резултати на Центарот за мониторинг (ЦЕМИ), покажуваат дека во централниот дел на земјата, кандидатот на ПЕС освои 35,1 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 31,9, а Мандиќ 17,4 отсто.

Ѓукановиќ освоил 37,3 отсто од гласовите на северот на земјата, Милатовиќ 26,3, а Мандиќ 21,1.

На југот на земјата Ѓукановиќ постигна речиси идентичен резултат како и на северот (37,6 отсто), Милатовиќ освои 23,8 отсто, а лидерот на ДФ 19,3 отсто од гласовите.

Според Извештајот на Градската изборна комисија во Подгорица, Ѓукановиќ во главниот град освоил 30.447 гласа, Милатовиќ 37.743 гласа, а Андрија Мандиќ 16.117 гласа.

Треба да знаете
Последни објави