Камион излетал од мост по судир со минибус

Возач на камион бил тешко повреден утрово во сообраќајна несреќа кај Дреновската клисура, по судир меѓу камион и комбе со патници. Од ударот камионот излетал од патот и паднал во бездна.

Сообраќајката се случила меѓу селата Раец и селото Дреново.

Екипа на противпожарната бригада на Кавадраци го извадиле повредениот возач од кабината на камионот.

Припадниците на Противпожарната единица од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат пoвредeниoт возач.

„Ја исековме кабината за да стигнеме до возачот кој беше заглавен во кабината Еден дел од кабината беше во реката“, велат од противпожарната екипа.

Повредениот возач бил однесен на лекување во болницата во Кавадарци.

фото Маркуле

Треба да знаете
Последни објави