Наставниците во Полска влегоа во генерален штрајк денес, барајќи нивните плати да се зголемат откако пропаднаа разговорите со владата.
Штрајкот на наставниците во училиштата и на воспитувачите во градинките започна денеска, без да се наведе колку долго ќе трае, објави АП.
Ова е прв штрајк од ваков вид во Полска од 1993 година.
Повеќето од училиштата беа затворени, откако разговорите меѓу синдикатите и владата пропаднаа во неделата вечер, единствено малиот синдикат Солидарност ги прифати владините предлози и неговите членови не штрајкуваат.
Штрајкот се одвива во чувствителен момент пред клучните испити во основните и средните училишта и неколку недели пред изборите во Европскиот парламент, кои се многу важни за полската влада, соопшти американската агенција.